Нов производ за совршен тен: Dr. Hauschka Foundation

Природна, беспрекорна Јас

Dr.Hauschka decorate cosmetic; Dr.Hauschka Dekorative Kosmetik

Вчера во концептуалното кафуле „Концепт 37“ се одржа средба на новинари и блогери на кои беше промовирана течната пудра  на брендот за природна, органска козметика Dr. Hauschka. На настанот зборуваше Лозенка Павлеска, дипломиран фармацевт и застапник на Dr. Hauschka за Македонија, која го претстави новиот производ , неговите својства и главните состојки, а присутните гости од медиумите можеа да ги пробаат пудрите и сами да си одберат соодветна нијанса  од пудра.

Dr.Hauschka decorate cosmetic; Dr.Hauschka Dekorative Kosmetik

Новиот производ Dr. Hauschka Foundation ги прикрива малите дамки, сенки и зони на црвенило – без сокривање на вашата личност! 

Dr.Hauschka decorate cosmetic; Dr.Hauschka Dekorative Kosmetik

Лесно се нанесува, комбинира автентични нијанси со воздушеста текстура и ја негува кожата со високо-квалитетни растителни масла, восоци и екстракти од медицински растенија. Пудрата на Dr. Hauschka не само што овозможува радијално вибрантен и воедначен тен, туку ѝ помага на кожата да ја задржи својата влага и ја штити од надворшните влијанија. Формулата содржи комбинација од екстракти од медицински растенија со минерални пигменти и растителни восоци и масла, вклучувајќи екстракти од калинка, макадемија и кокос. 

Dr.Hauschka decorate cosmetic; Dr.Hauschka Dekorative Kosmetik

 

x

Check Also

Фризерите би сакале и вие да го знаете ова за вашата коса и фризурите

Понекогаш жените имаат погрешна перцепција за работата на нивниот фризер. Иако цените ...