Нов тренд во слабеењето и фитнесот

Актуелниот тренд во фитнесот кој овозможува најдобри резултати во слабеењето форсира високо интензивни вежби, сметајќи дека долгите но полесни вежби немаат толкав ефект.

777

Едно од најчестите прашања е како да се смали тежината. Веќе ни е познато што треба а што не треба да јадеме, но што се однесува до вежбањето прашањето е кои вежби најмногу ги согоруваат масните наслаги.

Како најефикасен метод се покажува високо интензивниот интервален тренинг. Тој се состои од кратки интензивни вежби кои ја подобруваат кондицијата, го подобруваат гликозниот метаболизам и ги намалуваат масните наслаги. Вежбите се состојат од загревање проследено со три до десет повторувања на интензивни вежби одвоени со средно интензивни вежби за да се одмори телото, а тренингот завршува со вежби за релаксација и смирување.

Целата сесија трае меѓу четири и триесет минути и го зголемува метаболизмот во одмарање во следните 24 часа. Дополнително овие вежби го подобруваат внесот на кислород во телото повеќе отколку што тоа го овозможуваат традиционалните аеробик вежби.

Ваквите интензивни тренинзи најдобро е да се изведуваат со партнер или во група.

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...