Познатиот ланец за брза храна McDonald’s лансираше нов производ, таканаречен нутела бургер. За сега тој се продава само во Италија.
Десертот се вика „Sweety con Nutella” и иако изгледа како вистински хамбургер не содржи месо. Во прашање е само пециво за хамбургери кое е намачкано со популарниот намаз од лешник.
„Пристигна мека слаткост на која нема да можете да одолеете“, објавија од Мекдоналдс на нивниот ФБ профил. Во италијанското мени од Мекдоналдс инаку има и други необични производи – хамбургер со пекорино сирење, тирамису и пита од јаболка.