Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your Game. Главната улога ја има манекенката Едита Вилкевичиуте, додека модно снимање се фокусира на релаксирани модни изгледи во спортски дух. Се издвојуваат бермудите, дуксери, нагласените големи копчиња и твид-стилови.

Модните парчиња се комбинираат со патики и безбол капчиња.

Од палетата на бои доминираат огнено црвената, нежно сината, пастелно розовата и неутралните нијанси.

Канализирајќи го стилот од 90-тите, новите модни парчиња на „Манго“ вклучуваат и елеци со цветен принт, тексас комбинезони и предимензионирани блејзери.

Во продолжение дел од новата колекција. 

 

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...