Нов женски парфем на Армани од серијата Acqua di Gioia

Од први април во продажба ќе биде нов парфем на Армани од серијата Acqua di Gioia.

Популарната модна и козметичка куќа Џорџо Армани својата колекција Acqua di Gioia ја претстави уште во 2010 година, а до сега во неа се наоѓаа 9 парфеми. Од следната недела во продажба излегува 10-от парфем од оваа едиција насловен Light di Gioia.

Станува збор за свеж и лесен летен парфем кој содржи ноти од бергамот, јасмин и бел мошус.

Ќе се продава во шишенца од 30, 50 и 100 мл. Шишенцата пак, во жилта нијанса, потсетуваат на скапоцени камчиња исто како и претходните парфеми од познатата колекција.

x

Check Also

Кара Делевињ во новата кампања на DIOR

Амбасадорката на козметичката линија на Dior, топ моделот Кара Делевињ, повторно е ...