Креативното дуо „Хантер и Гати“ го пропатува светот со мирисната кампања на Џорџо Армани за новиот парфем за жени насловен „My Way“.
Адрија Арџона позира на четири модерни локации: Токио, Севилја, Тајланд и Индија.
Со природна убавина и сјај, глумицата се појавува во низа фотографии и придружното видео.
Од Армани го опишуваат My Way како светла цветна миризба со ноти на јасмин, цвет од портокал, тубероза и топла ванила.