Нов женски парфем од Burberry – Burberry Her

Познатата модна куќа Burberry го лансираше новиот есенски/зимски парфем насловен Burberry Her!

Заштитно лице на рекламната кампања е британскиот топ модел Кара Делевињ.

Овој парфем особено ќе ги израдува љубителките на цветно -овошните миризби. Содржи ноти од слатка малина, јагода, капина, боровинки, јасмин, темјанушка, мошус и амбер.

Парфемот е прв кој го краси носовот лого на Барбери.

Достапен е во количина од 30, 50 и 100 мл.

x

Check Also

‘Boy de Chanel’ – Шанел лансираше колекција на шминки за мажи

Култната француска куќа Chanel на пазарот ја лансираше првата, револуционерна мејк-ап колекција ...