Нов женски парфем од Жан Пол Готје, „Кабаре“

Новата година стандардно се започнува со нови парфеми, а меѓу низата на лансирани, посебно место има новиот парфем на Жан Пол Готје и овојпат во шишенце со женска силуета.

Парфемот е насловен Кабаре (Classique Cabaret Eau de Parfum), а содржи комбинирани ноти од ѓумбир, цвет од портокал и ванила. Како инспирација за парфемот послужила кабаре-модата во 40-те години на 20-от век, препознатлива по црвените фустани со светки.

Во продажба е во шишенце од 100 мл.

 

 

x

Check Also

Истражување: Пиењето млеко предизвикува акни на лицето

Го сакаме или не го сакаме, млекото е избор на секој од ...