Нова генерација на фитнес часовници

Часовникот „Нево“ припаѓа на новата генерација на фитнес часовници што овозможува не само да бидете во контакт со вашата здравствена состојба и фитнес цели, туку има и модерен изглед.

n2

Едноставен за носење, со убав дизајн и многу технолошки можности, часовникот „Нево“ ја најавува новата генерација на фитнес- часовници кои се обидуваат да го променат класичниот спортски изглед.

Овој часовник има можност да ја „брои“ вашата физичка активност, квалитетот на вежбањето и времетраењето, но и да „брои“ колку калории сте потрошиле дури и кога спиете.

За разлика од старата генерација на фитнес-часовници, „Нево“ преку својот лед-дисплеј постојано ве информира за вашата фитнес-состојба, без тоа да го правите наменски и рачно.

Оние кои се по модата и фитнесот со нетрпение го очекуваат појавувањето на Нево на пазарот, а тоа ќе се случи на почетокот на 2015 година. Цената е исто така погодна, 200 долари. Часовникот ќе биде достапен во пред-продажба од средината на декември.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...