Нова колекција на Кристијан Лубутен: Чевли во боја на вашата кожа

Промовирана е новата колекција на чевли на кралот на чевлите, Кристијан Лубутен. За разлика од претходните колекции, во оваа сите модели се во кожа боја.

kl2

Пет различни нијанси на боја на кожа содржи новата колекција на чевли Лубутен, дизајнирана за да ги задоволи неговите бројни фанови кои покрај неговите гламурозни модели, бараат поедноставни бои.

kl3

Сепак, не станува збор и за едноставни чевли, бидејќи на нив се потрошило доста време и истражување како таа боја на кожа, кога чевлите ќе се носат, да создаде оптичка илузија, поточно вашите чевли да ја имаат истата нијанса на вашата кожа.

kl4

Лубутен најави дека догодина оваа колекција ќе биде збогатена со уште две нијански на боја на кожа.

Инаку, чевлите се пуштени во продажба по цена од 700 долари.

x

Check Also

Канје Вест ја отстрани Ким Кардашијан од Твитер

Раперот престана да ја „следи“ неговата, сега веќе поранешна сопруга, Ким Кардашијан ...