Нова колекција од Александар Ванг инспирирана од 80-те години

Александар Ванг, кој важи за еден од највлијателните американски дизајнери, ја презентираше новата колекција за сезоната есен/зима 2017, на ревијата одржана во Њујорк.

Колекцијата содржи 38 модели инспирирани од 80-те години, со акцент на длабоките деколтеа, црната боја и лежерните кроеви.

Ванг ги врати тесните панталони и фустани на модната сцена, сега тие се во комбинација со сакоа со нагласено широки раменици или со предимензионираните џемпери.

Силуетите од 80-те се видливи и кај мини сукњите со карнери, но и кај прешироките палта со тигарски принт.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...