Нова колекција на костими за капење од Yamamay со акцент на змијскиот принт

Yamamay Loves LA е нова колекција на костими за капење и модни парчиња за на плажа за сезоната пролет/лето 2019.

За фотосесијата позира Кара дел Торо. Освен едноделни  и дводелни костими за капење со змијски принт ( во кафени, неутрални, но и неонски нијанси), колекцијата содржи и облека и модни додатоци за на плажа – кратки тексас панталончиња, кошули со тропски мотиви, фустани со змијски принт, проѕирни блузички, шешири…

Погледнете дел од фотосесијата како се комбинираат модните парчиња од Yamamay за впечатлив изглед на плажа.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...