Нова колекција на SuperDry: Интересни дизајнерски детали и материјали за пролет/лето 2019

Оваа сезона SuperDry нè носи на разиграно и разнобојно патување низ светот. Свеж и иновативен микс на производи збогатен со разновидни интернационални влијанија. Интересни дизајнерски детали и материјали за долгото, топло лето кое доаѓа.

Земајќи инспирација од Блискиот Исток и специфичните материјали и изработки, женската колекција “Boutique Bazaar” раскажува ориентална приказна преку употреба на “patchwork”, рачна изработка и посветеност на детали. Плетените елементи им даваат текстура на парчињата, додека пак цветните дезени и тантелата додаваат леснотија и женственост.

Линијата “Carnival” од друга страна пак, раскажува забавна и фриволна приказна. Светли бои, 3Д апликации, висечки елементи и цветови во жолта и портокалова боја, ја прават суштината на колекцијата. Кројот на парчињата како и психоделичините принтови се носечки во колекцијата инспирирана од Рио.

Колекцијата “Cote D’Azur” се фокусира на парчиња со чист и едноставен дизајн, каде доминираат ригите, додатоците во форма на цветови и нежни карнери, за интересен контраст и спортско-морнарска инспирација. Паралелнa со оваа е машката колекција “Mariner”, инспирирана од Ернест Хемингвеј и неговите авантури. Пастелни бои и летни принтови инспирирани од постери за патување од 30-тите му даваат специјален печат на целосниот изглед.

Селејќи ја инспирацијата на северот од Калифорнија, колекцијата “Big Sur” се состои од интересни тексас парчиња, со “patchwork” додатоци, војнички принтови и разновидна текстура.

Колекцијата “Skate Lux” е омаж на модата од 90-тите, скејт бордингот и возењето BMX велосипеди по калифорниските улици. Маици, дуксери и блузи, како и капчиња и чанти кои се носат преку телото, во пастелни бои за динамично лето.

Завршувајќи го патувањето на британска почва стигнуваме до линијата “Nu Lad”. Предимензионирани логоа во комбинација со современи кроеви и актуелниот тренд “athleisure” за ултра модерен уличен стил.

Со јано дефинирани теми на колекцијата и уникатни принтови, бои и детали, за пролет/лето 2019, Superdry останува верен на својата мисија на современост и свежина. Заминете на уникатно патување со Superdry оваа сезона.

 

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...