Нова колекција од ZARA во војнички стил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зара ја лансираше новата колекција за зима 2018/19 насловена SRPLS, а акцентот е на војничкиот стил.

Колекцијата за есен/зима 2019/19, дизајнирана во војнички стил, ги содржи неутралните палети на бои. Линијата вклучува долги палта, предимензионирани парки и бомбер јакни. Панталоните и кошулите се во препознатливите зелено-кафени шари, џемперите се предимензионирани, а тука се и модните додатоци – капчиња, ремени и мали ранци.

Од обувките доминираат сандалите кои се носат во комбинација со спортски чорапи и грубите високи чевли во војнички стил.

Погледнете ја колекцијата во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Нова кампања на MANGO: Да ја изградиме заедно иднината!

“NEW VOICES”, е нова рекламна кампања на шпанската модна марка Mango за ...