Нова линија кармини на легендарната колекција Руж Диор

Прво именувано лице на Руж Диор во 2013 година, глумицата Натали Портман, се врати да позира за легендарната линија на кармини на Диор со нова кампања.

Слично како името на карминот, и Натали изгледа „жешка“ во црвената нијанса Љубителката на животни носи и веганска беретка и ракавици за рекламната кампања. На една фотографија, Натали гледа во камерата додека го држи огнениот кармин. Друга слика го покажува нејзиниот профил со акцент на нејзината благо-кадрава кафеава коса.

„Откријте нов аспект на легендарниот кармин Руж Диор, кој  е повеќе во мода од кога било“, велат од брендот и додаваат дека новата формила е збогатена со цветни состојки за нега на усните.

x

Check Also

Гвинет Палтору со розова маска за лице ги расположува своите фанови (ФОТО)

Во ерата на селфи- фотографиите во последно време се модерни спонтаните фотографии ...