Нова линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

Дизајнерката Росица Мршиќ дизајнираше нова, ‘limited edition’ линија на впечатливи модни марами со авторски принт за претстојната сезона.
Овие модни додатоци ја одразуваат и нагласуваат женственоста преку современиот и уметнички потпис на дизајнерката, и се можност пошироката модна публика да ужива во носењето на дизајнерско модно парче со чувство на посебност заради ексклузивноста и автентичноста на производите.

Новата линија марами ја надополнува понудата на модни парчиња на ROSICA MRSIK брендот кој постојано воведува новитети на модниот пазар и работи на создавање свежа естетика. Дизајнерските марами од оваа линија го надополнуваат и освежуваат индивидуалниот изглед, што ги прави оригинален додаток за секоја пригода и идеален подарок за секоја жена.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...