Нова награда за режија за „Петрунија“ во Германија

На штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен, Five Leakes Film festival, главната награда која ја доделува фестивалот Five Lakes film Award, наградата за режија ја додели на македонскиот режисер Теона Стругар Митевска.

“Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија започнува во месец ноември.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...