Кармен дел Орефајс годинава освои уште една насловна страница. Иако живата легенда на модата наполни 82 години, „пука“ од енергија и порачува: на светот ќе му покажам што е природна убавина!
На сцената е неверојатни 70 години, а по појавувањето во италијанскиот Вог годинава освои уште една насловна страница. Овој пат станува збор за списанието Ју каде Кармен дел Орефајс се појавува во бела комбинација, елегантна, полна со сјај и гламур, но и енергија.