Нова пролетна колекција од Zara – од вечерни фустани до кожени мантили…

Модната марка Zara, по лансираната колекција инспирирана од Мароко, лансираше нова пролетна колекција, овојпат во соработка со италијанската дизајнерка Џорџија Тордини.

Новата колекција која моментно е достапна само во „онлајн“ продажба, нуди широк избор на впечатливи дневни и вечерни модни парчиња. Од кожени мантили до мини сукњи и блузи инспирирани од стилот на 70-те, па се до фустани и сакоа (во улога на мини фустан) за вечерни дотерувања – има што да се види и носи од моделите, и тоа со задоволство!

Од модните додатоци, највпечатливи се дебелите ремени во силни бои и предименизонираните обетки.

За рекламниот каталог позира самата дизајнерка, згодната Тордини.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата.

 

x

Check Also

Стартува есенската WOW распродажба со попусти до 80% во Веро центар

Почнува најголемата есенска распродажба во продавниците во Веро центар во Скопје со ...