Новата IT-чанта на Шанел, најпопуларна на сезоната есен/зима 2019

Француската луксузна модна марка ја презентираше новата чанта за која веќе е долга листата на чекање. Чантата се вика Шанел 19, и доаѓа во три слични модели.

Шанел 19 е дизајнирана за сезоната есен/зима 2019, а дизајнот е на починатиот креатор Карл Лагерфелд. Инспирацијата за дизајнот е од чантата дизајнирана лично од Коко Шанел во 1955 година.

Достапна е во продажба во три модели, во верзија твид и кожа. Од палетата на бои, доминираат нијансите кои се присутни во целата Шанел колекција за сезоната есен/зима 2019 – тиркизна, сина, зелена, розова, виолетова, беж и бела.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...