Икеа ги објави првите визуали од новата колекција, и ќе се согласите – прекрасна е!
Елегантната колекција изобилува со топлина и романтичност. Инаку, колекцијата е реализирана во соработка со данскиот бренд HAY, а насловена е Make Room for Life.
Од Икеа објаснуваат дека девизата на новата колекција е – „да се гледа подалеку од ѕидовите на нашиот дом“. Помалку необично за скандинавскиот производител на мебел, но добар дел од парчињата не се во знакот на минимализмот, туку обратно – во максимализмот, со богата текстура, со силни бои, златни детаљи, доза на вкусен луксуз и тропски вибрации.