Новата колекција на Хејди Клум за Lidl е „боли глава“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Популарната манекенка и водителка Хејди Клум дизајнираше нова, летна колекција, за ланецот на супермаркети Lidl. Инаку, ова е четврта колекција на Клум за Lidl.

Колекцијата ќе биде во продажба од понеделник, 18 јуни 2018.

После серијата на модели на кои доминираа животинскиот принт, светките и тексасот, на ред е летниот бохо шик. Така, Хејди Клум во соработка со модната марка на Лидл, Есмара, дизајнираше шарена колекција која сигурно ќе најде голем број на фанови.

Кроевите се лелеави, а во сите модни парчиња се чувствува лежерниот и весел бохо стил, препознатлив по ресите и шарените украси.

И во оваа колекција има голем избор на величини, од конфекциските броеви 34 до 44, а за деца од 86 до 116. Цените пак, се исклучително поволни!

Во фотогалеријата погледнете ги нашите фаворити.

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...