Новата колекција на Yamamay е инспирирана од Sex and the City

Популарната серија ‘Sex and the City’ (Сексот и градот) стана инспирација и за модната марка за долна облека Yamamay.

Новата колекција на Yamamay која е во лимитирана едиција е инспирирана од телевизиската серија Sex and the City, која слави 20-годишнина од првото емитување.

Така, Yamamay преку долна облека ги реинтерпретира стиловите на четирите главни ѕвезди Шарлот, Санамна, Миранда и Кери.

Станува збор за четири различни линии, секоја со своја посебност. Линијата Кери се карактеризира со романтични и трендовски модели, линијата Шарлота пак, содржи елегантни и софистицирани ноти, Саманта – секси парчиња, а Миранда – долна облека за деловна жена.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...