Новата колекција на ZARA ни носи модна детоксикација

После празниците, се враќаме во реалниот моден свет во кој редовно, во текот на зимските денови, ни недостигаат боите на пролетта. Но, Зара пријатно не изненади нудејќи ни нова зимска колекција со која веќе се најавува пролетното шаренило.

Акцентот е на живите бои, на шаренилото, на карираните принтови (и тие во живи нијанси), на предимензионираниот тексас, на вештачката кожа.

И модните додатоци – караквиците и шалчињата – се во силни тонови. Лелеавите мини фустанчиња со марама принт се задолжително модно парче кое со гаранција ќе ве развесели, особено ако го искомбинирате со кошула со марама принт.

Погледнете ги нашите фаворити во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...