Новата модна девиза на ѕвездите е родова еднаквост!

Од Шарлиз Терон до Хејли Болдвин, денес sвездите го газат црвениот тепих облечени во смокинг, или во реинтерпретација на елегантниот машки костум.

Инклузивноста е новиот израз на модата (т.е. поттикнување на различноста), а појавата на безродовиот стил се чини дека е директна последица на тоа. Зара и Х&М веќе подолго време го прифатија трендот преку капсулни колекции, а од 2019 година „бум“ прави HommeGirls, списание за девојки и жени кои „крадат“ од машката гардероба.

Пионери на безродовата мода

Всушност, жените веќе го присвоија машкиот костум веќе со Марлин Дитрих, не без тешкотии. Сен Лоран го претстави првиот женски смокинг во 1966 година. Смокингот што го носеше Бјанка Џегер во 1971 година за венчавката со Мик е безвременска; бракот заврши рано, ама љубовта кон смокингот не. Денес, овој смокинг би бил наречен родово флуиден.

View this post on Instagram

Friday 😬 Bring your teddy to work

A post shared by HommeGirls®️ (@hommegirls) on

 

x

Check Also

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500 000 денари

 Александра и Александар Начеви од Пробиштип, на денот на вљубените, уловија Златна ...