Новата женска колекција на Спрингфилд за пролет/лето 2014

Новата колекција на модната марка Спрингфилд (Springfield) за потоплите денови е веќе во продавниците.

Navy Bloom 0

Како и секоја сезона така и оваа, низ колекцијата на шпанскиот бренд за жени и мажи Спрингфилд (Springfield) се провлекуваат повеќе теми и лајт мотиви. Трендовите се присутни, но зачинети се со лежерност и безброј можности за комбинации.

New Rustic 2

Нова рустика

Оваа линија претставува мешавина од нежност и женственост преку лесни материјали и романтични везови, а само на моменти е присутна црната боја за да му даде доза на острина на целосниот изглед.

New Rustic 5

New Rustic 6

Жакардот и текстурите се во контраст со геометриските фигури.  Фустаните со етно инспирација, декорираните и блузи и модни додатоци го комплетираат изгледот.

New Rustic 8

New Rustic 1

Урбан патник

Етно иснпирацијата продолжува и во оваа линија во која доминираат парчиња со боја на индиго, материјали со текстура и доработка како избледување на тексасот.

Urban Traveller 2

Особено интересни се етно везовите во комбинација со тексас кои ѝ даваат карактер на колекцијата, како и широките блузи, палтата и модните додатоци со принтови.

Urban Traveller 1

Urban Traveller 6

Urban Traveller 4

Морнарски шарм

Лежерниот стил се среќава со урбаната атмосфера во експлозија од бои, риги и цветни принтови.

Navy Bloom 2

Колекцијата се одликува со памучни материјали со разни апликации, шорцеви со тантела, целосни тексас панталони, капчиња и платнени патики.

NB1

Navy Bloom 9

Navy Bloom 5

Navy Bloom 6

Navy Bloom 4

Navy Bloom 3

 

 

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...