Нови играчки за безброј насмевки на Детската Клиника за Онкологија

Новогодишното шоу „Торбата на Дедо Мраз“ – специјална хуманитарна претстава во Капитол мол

Во овие празнични денови сите треба да ја наоѓаат магијата во себе. Негувајќи ги основните човекови доблести како хуманоста и добрината, го исполнуваме секој со надеж и среќа. Тоа го постигнуваме преку поддршка и пораки за оние на кои им е најпотребно. Затоа во Капитол мол во сабота, 29.12.2018 година, во 18.00 часот, за #кажимисреќнанова ќе се одржи Новогодишното шоу „ТОРБАТА НА ДЕДО МРАЗ“ кое во себе носи хуманитарна порака.

Капитол мол заедно со Државна видео лотарија на Македонија, која е воедно и поддржувач на кампањата, ги повикува сите да подарат среќа на децата од Детската Клиника за Онкологија. Тоа ќе го направат со тоа што ќе донесат подарок нова играчка за насмевки во Новата година за децата кои се лекуваат на хематологија на новогодишната претстава „ТОРБАТА НА ДЕДО МРАЗ“. Новогодишната претстава е креирана така што на интерактивен начин овозможува подучување на децата на филантропија и помош. Претставата е интерактивна и активно ги вклучува децата преку драмски и музички елементи отсвирени и испеани од професионални оперски пејачи во придружба на пијано и труба.

Повеќе информации за претставата може да се најдат на:

https://www.facebook.com/events/365911557292629/

И оваа година децата ќе може да ја почуствуваат вистинската празнична магија во Капитол мол и во исто време ќе можат да направат и некое друго дете среќно.

x

Check Also

Тренд на неделата: Костим за капење од WOMEN’SECRET во прекрасни нијанси

Најубавите костими за капење, и годинава, ги најдовме во WOMEN’SECRET, а овој модел ...