Нови летни модни изгледи за „кежуал“ пригоди од H&M

Како што температурите се зголемуваат, потрагата по летни парчиња гардероба станува потреба.

Модниот гигант H&M го лансираше новиот тренд-водич насловен „Downtown Dreamin’“.

Колекцијата е фокусирана на „кежуал“ тексас парчиња, лесни фустанчиња и блузички без ракави од пријатни материјали.

Секако, трендовските детаљи и кроеви се присутни – од блузи со „спуштени раменици“ до панталони со полка точки, кои одлично се комбинираат со ниски сандали, еспадрили и патики.

Погледнете што H&M ни нуди за ова лето.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...