Нови медали и признанија за вината на „Тиквеш“ на регионално и светско ниво

Врвното црвено вино „Cabernet & Merlot Oak Edition 2017” на винарската визба „Тиквеш“ ja доби специјалната награда „Најдобро на натпреварот“ (Best of Show) на најголемиот регонален вински натпревар „Balkans International Wine Competition 2019“, што по осми пат се одржа во Софија, Бугарија и на кој учествуваа сите поголеми прозводители на вино од земјите на Балканот и пошироко.

Покрај ова високо признание, уште дополнителни седум вина од бренд-платформата „Tikveš Chateaux & Domaines“ освоија медали. При тоа, златни медали освоија три вина: „Domaine Barovo white 2018“, „Domaine Lepovo Rosé 2018 и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2017“. Добитници на сребрени медали се вината „Domaine Bela Voda white 2018” и „Château de Gourdon Vase de Pierre 2017“ (црвено), додека бронзени медали добија вината „Château de Gourdon Terrasse au Soleil 2018” (бело) и „Château de Gourdon Mistral au Jardin 2018“ (розе).

Со годишно производство од над 1,8 милиони тони вино, Балканот се позиционира меѓу најзначајните вински региони во светот, веднаш по најголемите производители – Италија, Франција, Шпанија и САД. Ваквиот податок го зголемува и значењето и репутацијата на ова регионално винско натпреварување.

Покрај во регионални рамки, вината на „Тиквеш“ продолжуваат да освојуват високи награди и признанија и на реномирани вински натпревари кои се одржуваат на глобално ниво. Па така, црвеното вино „Barovo” од бербата 2016 е наградено со сребрен медал на реномираниот вински натпревар „Selections Mondiales des Vins“ што се одржува во Канада. Ова врвно вино од бренд-платформата „Tikveš Chateaux & Domaines“ е единствено вино од Македонија и регионот што добива награда на овој престижен интернационален вински натпревар, факт со кој „Barovo“ повторно се издвојува и високо се позиционира на светската винска карта.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...