Kenzo& H&M

Нови модели на чизми од зимската колекција на H&M

Ниските чизмички и понатаму се фаворити за зима 2019, а дизајнерите од H&M ги продолжуваат трендовите кои доминираат уште од почетокот на есента. Така, главниот „збор“ го имаат каубој чизмите и кратките чизмички со анимал принт.

Во јануарското надополнување на зимската колекција на обувки наоѓаме интересни новитети, како на пример, чизмите со нагласен ѓон кои се совршени за снежните и дождливи денови.

Потоа, за оние кои сакаат да останат елегантни и во тмурното време, тука се чизмичките со „стилето“ потпетица и чизмичките во силна црвена нијанса, а за љубителите на сигурниот чекор и комоција на стапалото, има неколку модели во моторџиски стил.

Погледнете дел од новите модели во продолжение.

x

Check Also

Таканаречениот 200 Амстердам е нов облакодер кој „никнува“ на Мехнетен, а ќе ...