Нови модни парчиња од ZARA, точките го имаат главниот збор!

Точкастите модни парчиња кои со задоволство ги носевме и лани, продолжуваат да бидат актуелни и во 2019 година.

Модната марка Зара тоа и официјално го потврди, презентирајќи ги модните парчиња од новата колекција дизајнирана за меѓусезоната, а точките го имаат главниот збор.

Акцентот е на точкастите кошули во различни дизајни, кои одлично се комбинираат со панталони гарантирајќи ни воедно и деловен и забавен изглед. Доколку ги носиме со фармерки, добиваме кежуал-шик модна комбинација.

Но, за разлика од лани, кога точките беа во црно-бела комбинација, сега изборот е проширен – може да ги сретнеме, на пример, на зелена основа или пак, самите точки да бидат во друга боја, црвена, зелена, жолта…

Еве го нашиот „точкаст“ избор од Зара.

x

Check Also

Хит модно парче од ZARA – Бела проѕирна кошула

Проѕирната бела кошула со точки од Зара за кратко време се покажа ...