Нови модни парчиња за крајот на зимата од &Other stories

За вториот дел од зимата и почетокот на пролетта, модната марка &Other stories ја надополнува зимската колекција со повеќе модни парчиња со трендовски дизајни.

Новиот тренд водич на &Other stories е инспириран од изгледот на парижанките. Насловен е ‘Effortlessly Eleonore’, а главно лице во каталогот е француската модна ѕвезда Елеонор Тулин.

Кампањата за новата колекција е снимена во градот на светлината, а убавицата позира во новите модни парчиња инспирирани од француската улична мода. Сите познати трендови се на едно место – плисирани здолништа, волнени палта во нијанса на песок, сомотски костуми и елегантни плетки, додека изгледот се заокружува со бели кратки чизмички и кожени мали чанти во кафена нијанса.

Погледнете во продолжение.

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...