Нови научни откритија за циметот, делотворен против шеќерна болест, го намалува лошиот холестерол, делува на психата…

Древната примена на циметот како лек го разбуди интересот и на современата медицина за овој зачин. Во поново време направени се многубројни научни истражувања со кои се дошло до воодушевувачки откритија.

Така, на пример, се открило дека циметот е многу делотворен против шеќерна болест зашто со секојдневна конзумација од само половина лажичка цимет, за околу 25 отсто се намалува нивото на шеќер во крвта.

Активната состојка на циметот позната под името MHCP, го имитира инсулинот, ги активира неговите рецептори и делува заеднички со него во клетките, намалувајќи го така нивото на шеќер во крвта. Многу обезни луѓе патат од зголемено ниво на шеќер во крвта, што за последица се јавува силен напад на глад.

Циметот и тука помага: го намалува нувото на шеќер и лошиот LDL холестерол во крвта па така помага и во слабеење.

Исто така, научно е потврдено дека циметот спречува преголемо згрутчување на крвта, кое може да има штетно делување. Освен тоа, циметот го намалува нивото на мастите односно на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања и заболувања на крвните садови. Циметот поседува својство на сопирање на растот на бактериите, вклучувајќи ја и проблематичната бактерија Кандида.

До необично откритие научниците дошле и проучувајќи го деллувањето ан циметот на психата. Истражувањата покажале дека повремено вдишување на цимет и нане ја зголемува будноста зад воланот и ја намалува анксиозноста или чувството на фрустрираноср кога возачот секојдневно со автомобил поминува исти делници. Освен тоа, пикантниот мирис на цимет ја поттикнува работата на мозокот, ја подобрува концентрацијата, визуелното помнење и брзината на реагирање.

 

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...