Нови парфеми 2017: Мирисен дуо од Police за млади и активни

Police претстави два нови парфеми од колекцијата TO BE. Самата колекција е карактеристична по необичните шишенца во форма на мртвечки глави во интензивни бои – сина и црвена, инспирирани од поп артот. Новите парфеми се наменети за млади и активни луѓе.

p-1

Новите парфеми To Be Mr Beat и To Be Miss Beat ќе понудат „тренди концепт кој ја претставува младоста, енергијата и модерните елементи спојувајќи два додатоци кои младите и активните мораат да ги имаат – слушалки и парфем“.

p4

TO BE Mr Beat е машкиот парфем кој се отвора со ноти на јаболка, а срцето на парфемот го прави лавандата, морските акорди и пачули.

p3

TO BE Miss Beat е најавен како светно-ориентален овошен мирис, со ноти на опоен цвет. Наменет е за жени, а содржи цвет од кокос, бели праски, црни рибизли, кашмир и ванила.

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...