Пролетната/летната колекција на Манго продолжува да не заведува. Дополнета е со нови модни парчиња кои зрачат со женственост.
Тантелата го има главнот збор кај фустаните кои се во бела или црна боја, лесни за комбинирање со билокаков избор на обувки, а и многу пријатни се за носење.
Пругите остануваат во тренд, особено се впечатливи кај панталоните кои визуелно ја издолжуваат ногата (и секако во нив изгледаме повитки).
Сега, веќе се во игра и нежните бои на годината на Пантоне, бебешко розовата и сината. И овие парчиња се со чипкасти детаљи.
Меѓу фаворитите ги издвојуваме кусите комбинезонки, фенси и практични за потоплите денови.
Цветовите, повторно се неизбежен принт, особено кај фустаните на кои им додаваат специфична женствена нота.
Куси кожени јакни, тексас кошулчиња.., и накусо – сите актуелни трендови ги наоѓаме во разиграната колекција пролет/лето 2016 на Манго.