Нови, XL пакувања од Жито лукс

Омилените лебови на парчиња од Жито лукс штотуку станаа побогати со новите XL-пакувања, со поголема димензија на парчињата, совршени за подготовка на уште поголеми вкусни и свежи сендвичи. Новите производи го имаат истиот состав, добро познат вкус и квалитет по кои е препознатлива компанијата, а се достапни во пакување со поголема тежина, од 500 грама.

„Новитетот е резултат на долгогодишната заемна доверба и на посветеноста на потребите на нашите потрошувачи на кои секогаш се трудиме да им дадеме повеќе отколку што очекуваат. Сега омилените вкусови белиот и `ржаниот леб се достапни во нова, XL-димензија со поголеми парчиња, практични за припрема на поголеми сендвичи“, изјавија од Жито лукс.

Жито лукс постојаното пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите. Создавањето на XL-парчиња леб е дел од оваа заложба. Двете нови XL пакувања се придружуваат на веќе добро познатата линија на лебови на парчиња.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...