Новата колекција на популарниот бренд за долна облека Викторија сикрет е реализирана во соработка со „хај стрит“ марката Love & Lemons. Во кампањата главно лице (и тело) е Грејс Елизабет, американска убавица која е ангел на Викторија сикрет од април, годинава. Акцентот е на сатенските модни парчиња, а од палетата на бои доминираат нежните – магента, розова и бела. Уживајте во фотосесијата.