Новиот дом на Барак и Мишел Обама

Еве ја новата резиденција (под кирија) во Вашингтон каде што ќе живеат Барак и Мишел Обама со ќерките.

Куќата е изградена во 1928 година од страна на Ф. Моран МекКоних, а потоа е купена од капетанот  Чарлс Хамилтон Медокс, кадешто и живеел. Се наоѓа во Калорама, една од најексклузивните населба во Вашингтон, омилената населба на Френклин Рузвелт.

Како што беше соопштено од „Њујорк Тајмс“, семејството Обама ќе ја изнајмува оваа прекрасна вила за 22 илјади долари месечно.

Вилата денес е во сопственост на  Џо Локхарт, поранешен портпарол и советник на Бил Клинтон, и неговата сопруга Џоан Греј, главна уредничка на списанието „Гламур“.

Новата куќа на семејството Обама е оддалечена на само 3 километри од Белата куќа.

Куќата има 9 соби и 8 бањи.

Новиот дом на Обама се простира на 750 метри квадратни, а пазарната вредност на куќата изнесува 5 милиони долари.

Семејството планира да остане во оваа куќа најмалку до крајот на 2018 година, кога ќерката Саша ќе го заврши факултетот.

Вилата содржи и гостински соби, но и посебна соба за мајката на Мишел Обама, Мериен Робинсон.

 

 

 

 

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...