Новиот филм за Донатела Версаче „натопен“ во многу дрога и алкохол го шокира светот

Италијанската модна куќа Версаче се огради од биографскиот филм за Донатела Версаче.

versace 3

Новиот биографски филм за Донатела Версаче ја опишува како модна икона позната по прекумерното уживање во кокаин, алкохол и таблети, како и по малтретирање на вработените во компанијата.

Филмот насловен Хаус оф Версаче е во продукција на Лајфтајм, но италијанската компанија Хаус оф Версаче се огради од истоимениот филм нагласувајќи дека не минал низ авторизација и дека тие немаат никаква врска со него.

versace 2

Шокантниот филм го опишува раскалашниот живот на Донатела, излегувањата во ноќните клубови, конзумирања на различни наркотици до мера која не и дозволува да функционира на работното место, но и во семејството. Меѓу другите карактеристики на модната креаторка се опишува и нејзиниот однос со братот Џани, нагласувајќи ја претераната блискост меѓу двајцата.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...