Новиот Huawei P30 lite кој нуди 48 мегапикселов поглед кон реалноста достапен и во земјава

Новиот P30 lite обезбедува фотографија со ултра висока резолуција, благодарение на иновативната 48-мегапикселна камера која им овозможува на корисниците да фотографираат длабочина и детали за кои до неодамна можеа да сонуваат


Huawei P30 серијата, која беше претставена на посебен настан во Париз кон крајот на март, наметна целосно нови стандарди во светот на мобилната фотографија. За прв пат во историјата, камерата за паметни телефони може да ги надмине ограничувањата на човечкото око, снимајќи светли и детални слики во било каков вид на осветлување.

Сега, помалку од два месеци подоцна, на пазарот излезе Huawei P30 lite за да понуди висококвалитетна камера по поволна цена за секој што сака да го гледа светот на нов начин.

Новиот P30 lite обезбедува фотографија со ултра висока резолуција. Моделот има иновативна 48-мегапикселна камера која им овозможува на корисниците да фотографираат длабочина и детали за кои до неодамна можеа да сонуваат.

Највпечатлив дел од новиот производ е Quad Bayer Color Filter. Со традиционалниот Bayer филтер, основните RGB бои (Red Green Blue) се наоѓаат во мозаикот од типот ½ зелена, ¼ црвено и ¼ сино. Значи секоја боја се наоѓа веднаш до другите две во секоја насока. Шаблонот Quad Bayer ги обновува боите во 4 правоаголни групи (2 зелени, 1 црвена, 1 сина), овозможувајќи новиот сензор P30 да постигне истовремено висока резолуција и одлични перформанси при слаба светлина преку елиминирање на задоцнувањето помеѓу „кратката“ и „долгата“ изложеност на HDR фотографии. HDR слики, кои содржат контраст во светлината со исклучителна јасност, се една од гордоста на P30 lite.

Кога снимате со P30 lite, Quad Bayer Color Filter овозможува секој пиксел да пресметува осветленост на боите со неверојатна точност. Секој пиксел потоа излегува на поединечен сигнал кој ја формира структурата на сликата, што резултира со неверојатни 48-мегапикселни слики во реално време.

Со други зборови, секој од 48 милиони фоторецептори пренесува информации независно еден од друг без потреба од посебен софтвер, а само-менувањето на пикселната структура создава слики со неверојатна сложеност од 48 милиони индивидуални компоненти. Квалитетот на сликите кои доаѓаат од самиот CMOS сензор на Huawei P30 lite, далеку ја надминува онаа на слики создадени со традиционалните софтверски алгоритми. Тие можат да бидат отпечатени како HD плакати со 2,8 х 2.1 резолуција од 72 точки на инч (dpi), со слики со волшебна острина, боја, осветленост, длабочина и експресивност.

Huawei P30 lite камерата може да се пофали со голем 1/2 инчен сензор кој овозможува поголема светлина при креирањето на сликата, што го прави непроценлив ноќен асистент. Дополнителниот пикселен простор, заедно со “четири-во-едно” пикселната технологија на Huawei, обезбедува кристално чисти слики дури и во најсложени услови. Но, тоа не е сè – со режимот „Super night“, ќе можете да снимате до шест секунди експозиции за да создадете светли и влијателни ноќни сцени.

Режимот “Super night” на P30 lite користи вештачка интелигенција за да ги открие најважните карактеристики на избраниот објект, вклучувајќи ја и нејзината форма и рабови. Функцијата ги детектира сите снимени слики, а потоа, со помош на AI технологијата, ги отстранува искривените делови предизвикани од природни рачни движења при фотографирањето, со што се подобрува квалитетот на сликата. Потоа, сет на слики се споредуваат едни со други, така што осветленоста и бојата можат да се избалансираат на најдобар можен начин. Се разбира, од гледна точка на корисникот, ноќните снимки се креираат веднаш, како со волшебно стапче. Благодарение на интеракцијата помеѓу големите сензори и иновативниот софтвер, ноќните фотографии направени со P30 lite изгледаат неверојатно фасцинантно.

Huawei P30 lite е достапeн во три бои – Peacock Blue, Midnight Black и Pearl White.

Новиот Huawei P30 lite веќе е достапен и на македонскиот пазар, со тоа што продажбата на 15 април стартуваше прво во продажните салони на „Македонски телеком“, а многу брзо ќе биде достапен и кај останатите оператори и продажни ланци.

Цената на Huawei P30 lite во нашата земја е 22.999 денари.

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...