Новиот календар Пирели 2019 раскажува приказна за четири жени

Календарот Пирели со нетрпение се очекува, а овојпат тој раксажува приказни и соништа на 4 жени.

За фотографиите на келендарот е задолжен фотографот Алберт Вотсон. Календарот зборува за соништата на 4 жени – американската балерина Мисти Копеленд, фрнцускиот супермодел и глумица Латиција Каста, американската глумица и модел Џулија Гарнер и топ моделот Џиџи Хадид.

Фотографиите ги раскажуваа приказните вака – Мисти Копеланд во календарот глуми стриптизета со сон еден ден да стане балерина, Латиција Каста интерпретира улога на сликарка која слика ретки видови на растенија, но сонува да стане позната, Џулија Гранде сонува да стане голем фотограф, додека Џиџи Хадид глуми богаташка која сфаќа дека парите не можат да ја купат среќата.

Погледнете го Пирели 2019 зад сцената.

Мисти Копелард интерпретира танчерка во стриптиз клуб, танцува за да го задржи вереникот (Келвин), со кој живее во една мала арт деко куќичка и заедно го делат сонот еден ден на станат ѕвезди.

Латиција Каста и Сергеј Полунин ја играат улогата на една сликарка (Латиција) и еден балетан (Сергеј). Латиција сонува иднина на голема артистка, живее во ексцентрично поткровје заедно со вереникот Сергеј.

Џулија Гарнер во придружба на Астрид Еика глумат ботаничка фотографка (Џулија) и модел (Астрид). Џулија е фотограф која работи во ботаничка градина и фотографира ретки видови на растенија, но сонува да стане позната фотографка.

Џиџи Хадид и Александер Ванг ја интерпретираат улогат на богата и афимрирана наследничка (Џиџи) и нејзиниот најдобар пријател (Александер). Џиџи е богата и успешна жена, има сè, но чувствува дека не е целосна. Таа се чувствува безбедна само во неговото засолниште, неговиот дом, каде што добива удобност. Меѓу мноштвото „пријатели“ му верува само нему.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...