Новите нијанси на O.P.I лаковите за нокти „мирисаат“ на плажа, море и островот Фиџи

O.P.I ја лансираше пролетната колекција на лакови за нокти која содржи 12 нови нијанси. Колекцијата е инспирирана од боите на островот Фиџи.

Меѓу новите нијнси има силни бои кои потсетуваат на сонце, море, забава, но и nude тонови кои асоцираат на песок и плажа.

Пролетното сонце го препознавме во топлата портокалова нијанса наречена No Tan Lines, додека меѓу ладните тонови предводник е сината боја. Дури три нијанси на сини лакови содржи новата колекција, а тие варираат од пастелна мента, океанска сина до волшебната сина на островот Фиџи.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...