Ново 100% интегрално брашно од Жито Лукс со збогатена нутритивна вредност

Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета на брашна го додаде 100% интегралното брашно. Високата нутритивна вредност на брашното доаѓа како резултат на процесот на мелење на цели зрна пченица, со што во него остануваат обвивката и никулецот давајќи му ја со тоа специфичната структура и потемната боја.

„На нашите консументи отсега им го нудиме новото 100% интегрално брашно со кое тие добиваат нов сојузник за правилна и избалансирана исхрана. Ова брашно е богато со растителни влакна, витамини од Б групата, витамин Е, минерали како натриум, калиум, калциум, железо и содржи поголемо количество протеини и диететски (хранливи) влакна. Затоа го препорачуваме како составен дел од здрава и балансирана исхрана“, вели Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.  

Уште една од добрите страни на 100% интегралното брашно е што е лесно за обработка (месење) и од него може да се подготват вкусни и здрави лебови, тестенини, бисквити и печива.

Жито Лукс постојаното пласира нови производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите.

 

 

x

Check Also

Зошто да користите морска сол?

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, ...