Ново доба: Заха Хадид, визионер на 21. век

Новото доба ни носи разни изненадувања и достигнувања. Науката, технологијата, уметноста, сите одат во правец на новото откривање на човекот, неговите можности, и проширување на видиците и знаењата.Сепак, ни се чини дека дизајнот и архитектурата предничат во својот развој, во употребата на нови облици, материјали, бои и големини. Архитектурата е опиплива, видлива и заводлива. И не можеме, а да не ја забележиме.  

zaha hadid 3

Zaha HAdid, photo Simone Ceccheti

 Кога ќе ја забележиме, обично остануваме без зборови и без здив. Дали е можно тоа да го направила човечка рака? До неодамна такви концепти сме гледале само во футуристичките филмови, па и тоа се чинеше прилично наивно. Денес архитектурата пред се е уметничка дисциплина, која природата ја пресликува на челик, стакло, метал и многу нови материјали, па дури потоа инженерска, техничка дисциплина. Архитектурата стана неодолива и апсолутно фасцинантна. Како што ренесансата имаше свои сјајни сликари и вајари, ХХI век доби, уште на самиот почеток, свои врвни уметници архитекти, кои храбро се впуштаат во нешто сосема ново, восхитувачко и нереално.

Таков архитект е и славната Заха Хадид, добитничка на престижната  Пицкерова награда, на таканаречениот Нобел во архитектурата. Можеби и заради тоа што пораснала во Багдад, Заха Хадид научила како да се избори за своите идеи и да остане бескомпромисна  во она што сака да го постигне во урбаните пејзажи кои ги создава. Нејзините проекти се сведоштва за големиот талент, но и правец кој го создава архитектурата на новото доба.

Делата на Заха Хадид , заоблени, флуидни градби, авангарден пристап и ново приближување кон природата, а сепак геометрија и кординатен систем  во основата на се, стануваат дел на урбаниот пајзаж ширум светот. По Операта во Пекинг, стадионот во Токио, неколку музеи ( Синсинати, Копенхаген, Рим, Глазгов, Мичиген…) неодамна слушнавме дека постои можност во блиска иднина и жителите на  Белград да уживаат  во еден проект на Заха Хадид.

Заха Хадид е родена во Багдад и пораснала во семејство на интелектуалци. По една посета на археолошкитеzaha hadid 1 остатоци на сумерската култура на југот на Ирак, петнаесетгодишната Заха засекогаш се заинтересирала за архитектурата. Дипломирала математика на Американскиот универзитет во Бејрут во Либан, а потоа се преселила во Лондон на студии по архитектура. До 1977 година дипломирала и почнала да работи во архитектонското студио на еден од своите професори, Рем Колхас. Свое студио отворила  во 1980 година, но почетокот бил тежок. Нејзините идеи за новата употреба на облиците и просторот останувале запишани во нејзините бележници, понекогаш објавувани и во весниците. Заха Хадид која во тоа време предавала на Architecural Association во Лондон почнала да соработува во архитектонски проекти. Нејзиниот проект за “ Top Peak“ во Хонгконг ја освои првата награда, но никогаш не е изведен. Првиот проект на Заха Хадид – “Vitra“, противпожарен дом во Германија, изведен е дури десет години по создавањето. И останатите проекти тешко се пробиваа до награди или реализации. Некои отпосле се одбивани, со објаснување дека не се јасни, но Заха Хадид продолжуваше понатаму со истражувањата за можностите во архитектурата. Малку по малку настануваа незаборавни проекти, кои и покрај критиките  дека се тешко изводливи и невозможни, со сигурни чекори ја крунисаа Заха Хадид во кралица на архитектурата на 21 век и дигиталната ера. Последниве десетина години Заха Хадид предава архитектура на престижни универзитети како што се Харвард, Охајо. Илиноис, Виена. Денес студиото “Zaha Hadid arhitekte“ брои околу 350 вработени кои работат на различни страни на светот. Заха Хадид освоила бројни престижни архитектонски награди, во 2004 година стана и прва жена носител на Пицкерова награда, а во 2011, и на прочуената RIBA награда.

zaha hadid 2

Сите нови проекти имаат и силна еколошка мотивираност. “Зелената архитектура“ на Заха Хадид осмислена е така што ќе се користат не само природни облици туку и ресурси – сончева светлина, дождовница, економична вентилација, еколошки материјали.

Сепак, она што фасцинира е самиот изглед на градбите и начинот на кој Заха Хадид и нејзиното студио можат и успеваат да го променат комплетниот пејзаж. Комплексот Galaxy SOHO во Пекинг, Guangzou Операта, Универзитетот во Токио или MAXXI – Музејот на уметноста на ХХI век во Рим, но исто така и проектите како куќата за Наоми Кемпбел, дизајнот за обувки за Puma, или Академијата Evelin Grejs, покажуваат во колкава мерка Заха Хадид ги поместува границите во архитектурата и дизајнот. Гледајќи ги идејните решенија и градбите на Заха Хадид, со сигурност можеме да кажеме дека иднината веќе почна.

Сузана Спасиќ

Фотографија – Iwan Baan

 

x

Check Also

Викторија Бекам виртуелно ја претстави новата колекција, гости на ревијата – само семејството

Меѓу дизајнерите кои виртуелно ги претставија своите колекции за време на модната ...