Ново истражување: Бананите се најлош избор за појадок!

Новото нутриционистичко истражување тврди дека полош избор од банани за појадок речиси и да нема.

Оние кои ја применуваат здравата исхрана, секако ги ставаат бананите на листата на приоритетни намирцни, па дури и оние кои не ги следат нутрионистичките трендови знаат дека бананите се здрави. Но, зошто тогаш не се препорачуваат за почеток на денот?

 „Бананите се најлош избор за појадок“, предупредува нутриционистката др. Дерил Џофри, основач на Алка Мајн прехраната. Причина за тоа е нивниот висок степен на фруктоза.

Бананата содржи дури 25 отсто шеќери. Фруктозата предизвикува степенот на инсулин да се покачи, а по брзиот пораст на инсулинот следува брзо паѓање, па резултатот е голема потреба за храна, потешкотии во концентрација и чувство на замор. Високиот степен на шеќер истотака се ферментира во телото што ја забавува пробавата.

За да се избегне ова влијание на бананата, нутриционистите препорачуваат сосема да се избегне за појадок или да се конзумира заедно со добри масти – со јогурт, сирење, бадеми, кокосово масло, чија семки, куркурма, цимет и ленено масло. Само со додаток на ваквите масти, телото може да ги искористи хранливите состојки на бананата, а нивото на инсулинот да се задржи во нормала.

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...