Ново истражување: Мастите се клучни за подолг живот

Списанието „Lancet“ ги објави резултатите од истражувањето кое вклучило 135.000 возрасни лица од различни страни на светот, кое тврди дека луѓето кои ги исфрлиле мастите од исхраната живеат покусо од оние кои конзумираат кашкавал, сирења, путер и месо.

Додека до неодамна тезите беа дека заситените масти влијаат на зголемувањето на нивото на холестерол,  сега се актуелни сосема спротивни тези поткрепени со факти и докази. Потврдено е дека луѓето кои ги исфрлиле мастите, исхраната ја базирале главно на јагленохидрати сметајќи дека е поздрава. Но, ваквата исхрана – тврди новото истражување – е всушност најнездрава исхрана.

Резултатите од истражувањето на канадските научници се претставени на Европските здруженија на кардиолози, научен настан кој се одржал во Барселона.

„Веќе со децении насоките за здрава исхрана се фокусираат на намалување на мастите и заситените масни киселини, но на организмот му требаат масти, тие содржат витални киселини кои имаат важна улога во организмот. Кога внесот на масти значително ќе се намали, го скратувате организмот од сите тие важни минерали“, објаснува докторката Машхид Деган која ја водела студијата.

Научниците се согласиле дека нискиот внес на масни киселини го зголемува процентот за предвремена смртност за 13 отсто, додека конзумирањето на голема количина на сите видови масти го намалува тој ризик за дури 23 отсто. Истражувањето тврди дека оние кои дневно во организмот внесуваат над 60 отсто калории кои „доаѓаат“ од јагленохидратите, се „кандидати“ за предвремена смрт.

Доктор Ендрју Менте од Универизтетот „McMaster“ тврди внесот на масти во организмот треба да биде најмалку 35 отсто.

„Потребно е да се ублажи ограничувањето на внесот на сите видови на маснотии,а внесот на јагленохидрати да се сведе на ниска или умерена количина, тоа е оптималното решение“, велат експертите вклучени во истражувањето.

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...