Ново истражување: Мажите ќе откријат нечија тајна за 40 минути побрзо од жените

Иако често се смета дека жените се оние кои не можат да си го држат „јазикот зад забите“, истражувачите откриле дека всушност мажите ќе бидат првите кои ќе го објават она што ќе им биде кажано во доверба.

Благодарение на технологијата и социјалните мрежи, озборувачите повеќе не мораат да чекаат да ги видат своите пријатели, туку ќе ја откријат тајната што им е доверена во рок од три часа откако ќе им биде соопштена, покажува ова истражување.

Има и такви кои не можат да чекаат толку долго – скоро половина од мажите кои учествувале во студијата признале дека ќе ја откријат тајната во следните неколку минути, бидејќи им била доверена на нив!

Секако, не се сите мажи озборувачи. И некои жени набрзо ќе го затрубат тоа што слушнале и тајната ќе можат да ја сочуваат само околу три ипол часа.

Едно британско истражување, кое вклучило 2.000 волонтери, покажало дека мажот во просек ќе ја чува тајната за себе околу два часа и 47 минути, што е околу 40 минути помалку од тоа колку време ќе им треба на жените да започнат со озборувања.

Еден од десет учесници во испитивањето, признал дека ќе ја каже тајната во врска со нечиј приватен живот во првата можност, односно десет минути откако ќе им бидат соопштени некои информации.

И покрај резултатите од оваа студија, 92 проценти од мажите се сметаат себеси за луѓе со доверба и добри чувари на тајни.
Сепак, истражувањето покажало и дека мажите едноставно не можат да молчат кога ќе дознаат дека некој од нивните пријатели има афера, па затоа ќе им го соопштат тоа на сите веднаш штом се појави можност.

Ако сте лажеле некого, ви предлагаме да не му го кажувате тоа на вашиот пријател затоа што втора тајна што мажите во никој случај нема да можат да ја чуваат за себе е откривањето дека некој лажел. За мажите е подеднакво интересно да им откријат на колегите дека некој имал афера на работа.

Она што е можеби најлошо од сè е што вашата тајна, ако сте се довериле на озборувач, ќе ја откријат уште најмалку пет лица, вклучувајќи ја и неговата девојка, пријатели и деловни колеги со кои исто така се дружи приватно.

Сепак, она што веројатно не изненадува кога ќе се земат предвид резултатите од оваа студија, е тоа што мажите почесто ќе се икараат од жените после оговарањето или откривањето на нечија тајна.

„Овие резултати покажуваат дека ако сакате да чувате тајна, не треба да имате доверба во маж!“, рече претставник на „The Fifth Estate“, кој го спроведе истражувањето.

„Фасцинантно е што жените со години се сметаат за озборувачки и дека е актуелен стереотип дека тие едвај чекаат да обелоденат нечија„ сочна” тајна. Сепак, современите мажи се дефинитивно жестока конкуренција кога станува збор за озборувања.”

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...