Ново истражување предупредува на една од најопасните заблуди за коронавирусот: Другите може да ги заразите еден до три дена пред појава на симптомите

Луѓето заразени со коронавирус можат да заразат друго лице еден до три дена пред да се појават првите симптоми, вели студијата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Студијата, која ја истакна важноста на социјалната дистанца во борбата против ширењето на заразата, вклучува испитување на 243 случаи на „Ковид-19“ од Сингапур, испитувани помеѓу 23 јануари и 16 март.

Идентификувани се седум „групи“ во кои е можно пренесување на инфекцијата пред почетокот на симптомите. Во четири групи, каде што било можно да се утврди изложеност, преносот се случил еден до три дена пред да се појават првите симптоми кај пациентот.

Оваа студија покажува дека не е доволно да се ограничат движењата само на луѓе кои покажуваат симптоми, пишува во новиот извештај.

Пренесувањето на инфекцијата се случува преку капки, но дури и преку говор и други гласовни активности како што е пеењето, при што стапката зависи од висината на гласот, – вели истражувањето.

Со оглед на тоа што во моментот се тестираат само луѓе кои покажуваат симптоми, истражувачите веруваат дека асимптоматското заболување исто така треба да се набљудува.

x

Check Also

Неочекувано будење на планетата: Најголемо намалување на емисиите на CO2 по Втората светска војна 

Покрај вообичаените, претходните неколку месеци беа обележани и со неколку неочекувани, добри ...