Ново видео: Бијонсе на Јутјуб раскажува како ослабнала

Во новото видео на Јутјуб, Бијонсе раскажува каква диета применувала за да се врати во топ форма.

Бијонсе на настапот на Коачела

Не е мала листата на ѕвезди кои на Јутјуб раскажуваат како ослабнале. Бијонсе е последна во оваа долга листа. Пејачката објави видео во кое зборува за диетата која ја држела за да се врати во топ форма за настапот на суперпопуларниот фестивал Коачела, по раѓањето на близнаците Руми и Сир во 2017 година.

Видеото е реализирано во соработка со Марко Борхес, физиолог и основач на диетата „22 дејс нутришен“.

-Добро утро, 5 часот е наутро, а ова е првиот ден на моите проби за Коачела, зборува пејачката во видеото. – Ова е мојата моментна тежина, 79 килограми. Патот кој треба да се помине за да се загубат килограмите е долг.

– За да ја достигнам мојата цел, се лимитирав на оброци без леб, без јагленохидрати, без шеќер, без млечни производи, без месо, без риба, без алкохол, вели Бијонсе во документарецот.

Станува збор за веганска диета, која ја објаснува, а низ која ја води нејзиниот личен тренер Борхес.

Диетата на Борхес се држи 22 дена и во тој период се конзумира само растителна храна.

Бијонсе и Џеј-З го пробаа овој нутриционистички план, првично во декември 2013 година, и оттогаш Бијонсе се откажала од месото во своите оброци.

Во видеото зборува и Марко Борхес:

-Ние ја експлоатираме моќта на зеленчукот, ја експлоатираме моќта на растенијата, ја експлоатираме моќта на непреработената храна и насочени сме што е можно поблиску до природата за добро на нашиот организам.

За да се ослободи од вишокот на килограми и да стигне до посакуваната цел, пејачката оваа диета не ја држела 22 дена туку двојно – 44 дена. И за тој период јадела само зеленчук.

Видеото е објавено на 24 јули, 2019, и само во овие неколку дена има над милион ипол гледаност.

Во продолжение, погледнете го видеото.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...