Ново, XL Бриош пакување од Жито Лукс

Уникатниот вкус на путер, карактеристичната мекост и златеста кора на добро познатиот Бриош леб сега достапни во XL пакување од 500 гр. со XL парчиња. XL Бриош лебот на парчиња со путер е дополнување на добропознатата линијата лебови на парчиња, кои минатата година добија ХL пакувања од пченичниот бел и пченично ‘ржаниот леб.

Проширувањето на XL линијата на лебови е одговор на  потребите и посветеноста кон нашите потрошувачи со кои градиме долгогодишната заемна доверба и на кои секогаш се трудиме да им дадеме повеќе отколку што очекуваат. Сега ќе можат да уживаат во уште поголема доза мекост, за супер богати и вкусни сендвичи со новото XL пакување Бриош, “, изјавија од Жито Лукс.

Со повеќе од 70 години постоење и доверба укажана од консументите, Жито Лукс е компанија за која традицијата претставува иновативност и постојано подобрување. Компанијата постојаното пласира иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите. Создавањето на леб со XL-парчиња е дел од оваа заложба. Новиот XL Бриош се придружува на веќе добро познатата линија на лебови.

x

Check Also

Три неодоливи рецепти со тиква совршени за студените денови, но и за празничната трпеза

Совршена за студените денови – со тиква може да ги подготвиме нашите ...